Планинарење и Кампување

Планинарењето е одлична викенд активност за сите што се спортски расположени и сакаат да избегаат од загадениот градски воздух. Ако сте заинтересирани за искачување на некој повисок планински врв, обратете се во едно од овие планинарски друштва каде можете да се информирате за организирани групни тури. Доколку патувањето е подолго, можете по искачувањето ноќта да ја поминете во најблискиот планинарски центар или преноќиште. Најдете информации за сите планинарски домови и центри тука и организирајте ја вашата тура.

На Попова Шапка имате неколку опции да го разбудите алпинистот во вас! Особено убаво искачување е Титов Врв од 2747 метри надморска височина. Заедно има повеќе од 15 искачувања на Попова Шапка, сите со различен степен на тежина. Без разлика дали сте почетник или или имате богато искуство во планинарење, има по нешто за секого!

*Доколку сте заинтересирани за планинарење, погледнете ја понудата за Попова Шапка.


Инфо за UIMLA планински водич: +389 70 32 98 98

image description image description
Најдобри сезони: Мај, Јуни, Јули, Август, Септември, Октомври
Популарни клубови: наскоро...

Планинарски клубови

Избери ја твојата авантура
image description

Планинарски клуб – Љуботен

Формиран е во Тетово, на 23 март 1925 година. Со формирањето на Друштвото започнуваат организираните искачувања кон убавините на Шара.
Планинарски клуб „Љуботен“ - Тетово организира активности од повеќе планинарски спортови - планинарство, високогорство, алпинизам и планинско спасителна служба.
Кон крајот на секоја тековна година клубот изработува програмa на активностите за следната година.
Календарот се состои од манифестации кои клубот ги организира на интерно, локално, државно и меѓународно ниво. Клубот располага со планинарски домови на Попова Шапка и Љуботен. Клубот располага и со канцеларија која опслужува со професионални водачи на планина.

Повеќе информации на:
kontakt@pkljuboten.org.mk

види повеќе
image description

Планинарски Клуб Тетекс

Основан е во 1956г. Клубот организира искачувања на разни врвови и месности на Шрапланинаскиот масив, а зема активно учество и во други планинарски активности како гости на искачувања на други клубови и места ширум Македонија.

Повеќе информации на:
Е-маил: pkteteks@gmail.com
ул ”Гоце Делчев”66 –Тетово
Тел. 071 307 230


image description

Планинарскиот Клуб Јелак

Формиран е во 1996 година. Во клубот членуваат планинари од сите возрасти, а планинарските акции кои ги организираме се прилагодени за сите да можат да учествуваат.
Низ годините сме организирале многу планинарски акции главно на Шар Планина, но и на други планини низ Македонија и пошироко.
Во ПК Јелак се регистрирани три лиценцирани планинарски водичи, лиценциран маркацист, инструктоори по скијање и спасители. Наша цел, освен организирање и водење на планинарски акции е и подигањето на општата планинарска култура. маркирање и одржување на планинарски патеки, подигање на еколошката свест итн.

Повеќе информации на:
Гоче Делчев бр.66, 1200 Тетово
Телефон:071 307 230
Facebook: Планинарски Клуб Тетекс - Тетово

Види повеќе

image description

Планинарско друштво Трансверзалец

Формиранo е 1998 година со цел да се потикне развојот на планинарските спортови во Скопје и Македонија преку понуда на квалитетни планинарски акции, ориентациони натпревари и планинско велосипедски тури. Целна група на планинарскиот клуб се сите планинари како и екологисти, студенти, ентузијасти и сите оние кои ја почитуваат и сакаат планината. Главни годишни акции на друштвото се:

1.Трансверзалата Љуботен - Охрид, почеток на јули месец
2.Маратонот Езерски врвови – почеток на месец септември
3.Планинско-Велосипедска трансверзала „Шарски води“ - последна недела од јуни месец
4.Ориентациони натпревари на Водно на пролет и наесен кога се менува саатот
5.Зимско искачување на Титов Врв - декември месец
6.Трансверзала Кајмакчалан- Кожув, Гевгелија, почеток на месец јули
7.Меморијален марш "Чичко Јосиф Илковски" - Китка во април месец
8. Традиционалното искачување на врвот Љуботен по повод 13 ноември.

Повеќе информации на:
e-mail : transverzalec@gmail.com
Телефон: 3-221-350 / 070-641-998

Види повеќе
image description

Peak Trip

Патуваме до врвот. Ние сме водичи по планина кои го остваруваат вашиот сон да создадат живот во планините. Водени од желбата да им ги покажеме убавините на македонските планини на луѓето ширум светот, решивме да отвориме туристичка агенција Mountain Experience. Тимот на нашата компанија се водичи во планина, алпинисти и планински моторџии, луѓе кои ги промовираат планините како место за живеење, работа и уживање.

Повеќе информации на:
www.guides.mk
е-mail : guides.mk@gmail.com
Радишани ул.40, бр.2, 1000 Скопје
тел. +389 78 277 585, +389 78 229 229

Види повеќе
image description

Планинарско друштво „Argentus – Mount„

формирано е 2014 година од кога е и член во Федерација на планинарски спортови во Македонија. Од 2017 година Друштвото има тројца лиценцира планинарски водичи од А категорија и еден приправник планинарски водич при ФПСМ и тоа: Зија Јонузоски,контaкt телефон +389 70 271 275, e-mail: rekanac@gmail.com; Звонко Алексовски, контакт телефон +389 71 561 449,e-mail: zvonko_aleksoski@hotmail.com; Тони Јовановски,контaкт телефон +389 70 609087, e-mail: tonijovanoski@yahoo.com; Сенад Идризи,контакт телефон +389 78 804 116 , e-mail: senad_idrizi@live.com; Дрштвото има и еден лиценциран маркацист при ФПСМ - Звонко Алексовски. Со досегашното планинарење извршена е ГПС документација на сите вертикални и хоризонтални планинарски патеки на цела Шар Планина од нејзиниот почеток на Љуботен до завршеток кај Срезимир како и на планините Бистра, Дешат и Кораб.

Повеќе информации на:
e-mail : argentusmount@gmail.com
тел-+389 (0) 71 275 280

image description

Shar Outdoors

Одговорно патување и влијание во екологијата. Тим кој обезбедува искуства Cat ski слободно возење, скијачки тури и летни планинарски искуства во Македонија, Албанија, Црна Гора ,Косово и пошироко. Ако вашиот следен одмор вклучува откривање на нови планини, скијање, ски-туризам, аикидо, сплит-борд, планински велосипедизам, пешачење, качување по карпи на недопрени и уникатни места, доживејте природност на регионот и големо гостопримство, една од нашите авантури во Македонија за сигурно треба да бидете на вашата следна дестинација.


Повеќе информации на:
Tel 1: +389 71337 489 Tel 2: +389 75 563 130

Види повеќе
image description

Иницијатива „Спас за Попова Шапка„

Граѓанска иницијатива за развој на ски центарот Попова Шапка. Иницијатива за запирање на уништувањето на ски-центарот Попова Шапка во Тетово и неговото враќање како врвна туристичка дестинација во регионот.

Повеќе информации на:
e-mail : perkodrenediellit@gmail.com
Телефон : 070 494 483

Види повеќе