Скијање и бордање

Попова Шапка е совршено место да се вљубите во зимските спортови, на поинаков начин. Најдобрите патеки за слободно скијање на Балканот се кај нас. Бидете дел од нив и доживејте незаборавни моменти кои се паметат вечно! Уживајте во најдоброто скијање на височина од 1700 до 2500 мнв! Со 17.2 км должина на ски – патеките, 6 ски-лифта и 3 жичници, Ски – центарот Попова Шапка и покрај сите удари на времето и натаму го заслужува епитетот на најраскошната убавица на Балканот. Лесно достапен за почетници, но и предизвик за професионалните скијачи и сноубордери, Ски – центарот Попова Шапка најдобро одговара за оние со почетни и тие со напредни скијачки способности, со широк спектар на скијачки терени означува дека може да понуди добра забава за сите нивоа на скијачки способности.

*Доколку сте заинтересирани за скијање и бордање, погледнете ја понудата за Попова Шапка

image description image description
Најдобри сезони: Ноември, Декември, Јануари, Февруари, Март
Популарни клубови: наскоро...

Скијање и Бордање

Избери ја твојата зимска авантура
image description

ЕЛЕМ ТУРС – СКИ ЦЕНТАР „Попова Шапка“.

На 18 км од Тетово и на 58 км од Скопје, во самото срце на масивот, на надморска височина од 1.700 м, е сместен најстариот и најпознат скијачки центар „Попова Шапка“, со висина на ски патеките до 2.500 метри надморска височина. Ски – центарот Попова Шапка располага со 6 ски лифтови и три жичници. Должината на ски – лифтовите и жичарниците изнесува 6.513 метри. Капацитетот на жичарниците и ски лифтовите е со капацитет од 4.138 скијачи на час со просечна брзина на жичарите од 3м/с. Скијачките патеки се погодни и за почетници, и за напредни скијачи. Должината на скијачките патеки изнесува 17.2 км, од нив 1.7 км се лесни патеки, 8.7 км се средни и 6.8 км се тешки скијачки патеки. Ски патеките „Бабин Извор“ и „Дол“ се лесни патеки, ски – патеките „Поток 1“, „Пионерско Брдо“, „Поток 2“, „Св. Илија“, „Ајдучка рамнина 1(ГЕ)“, „Ајдучка Рамнина 2(ГЕ)“, „Срт за Јелак“ и „Пола Церипашина“ се со средна тежина, додека ски – патеките „Мал Јелак“, „Мал Јелак 1“, „Мал Јелак 2“, „Церипашина“, „Бабунова Стена“, се тешки скиајчки патеки и се за напредни скијачи.

Повеќе информации на:
Ски-центар „Попова Шапка“
Адреса: 11 Oktomvri br 9, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 314 9128
Email: info@elemturs.mk

види повеќе
image description

Скијачкиот клуб Шкендија

Формиран е во 1993год. С.К.Шкендија најпрвин почнал да работи како скијачката школа која била многу успешна низ која поминале околу 2000 ученици кои потоа се селектирале и првите скијачи-натпреварувачи.Во новиот милениум 2000год Скијачкиот клуб Шкендија бил иницијатор и организатор на првиот меѓународен пионерски куп,,БЕКА КУП“ Од најуспешните членови на СК Шкендија се Дардан Дехари заедно со Антонио Ристески кој бил кандидат на нашата државна репрезентација на олимписките игри 2014 Сочи во Русија.

Повеќе информации на:
Телефон +389 (0)70 255 995
e-mail: menan.memedi1@gmail.com