Велосипедизам

Шарпланинскиот регион станува препознатлива дестинација за планински велосипедизам. Шар Планина располага со најдобрите планинско велосипедски патеки во земјава - од патеки наменети за почетници, до напредни крос - кантри велосипедски патеки. Досега обележани и маркирани се 8 крос – кантри велосипедски патеки. Покрај можноста за самостојно истражување на велосипедските патеките, достапно е ангажирање искусен водич и организирање на еднодневни или повеќедневни патувања со велосипед, преку организирани тури и посета на позначајните туристички атракции на Шар Планина. Ќе откриете искуства и пејсажи што ќе ви го одземат здивот.

*Доколку сте заинтересирани за велосипедизам, погледнете ја понудата за Попова Шапка.


image description
Најдобри сезони: Мај, Јуни, Јули, Август, Септември, Октомври
Популарни клубови: наскоро...

Велосипедизам

Избери ја твојата авантура
image description

„Конак“ – Попова Шапка: Крос - кантри планинарски велосипедски патеки

Крос-кантри планинарско велосипедските тури се организираат во пролетните и есенските месеци од годината, во периодот од мај до октомври. Групите се состојат од максимум 5 лица. Место на поаѓање за секоја од наведениве тури е „Конак“ - Попова Шапка.
Турата вклучува: велосипед, велосипедска опрема, храна зависно од договор доручек или ручек во „Конак“ - Попова Шапка, попатни освежувања, организирано водење за време на турата. По потреба, можно е ангажирање и теренско возило за придружба на турата. Учесниците во турата потребно е да да поседуваат соодветна спортска опрема, согласно временските услови на денот на турата. За реализирање на велосипедската тура потребно е најмалку три лица, со претходна резервација.


Повеќе информации на:
Контакт телефон: 078/32 98 98
Инфо - центар „Конак“ - Попова Шапка: Info@konak.com.mk

види повеќе